Донација за прилепската болница, од претседателот на прилепските социјалдемократи, Миле Талевски и неговото семејство

Претседателот на прилепските социјалдемократи, Миле Талевски и неговото семејство донираа тунел за дезинфекција за прилепската болница

Првиот човек на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, воедно и претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талевски со неговото семејство донираа тунел за дезинфекција за Општата болница „Борка Талески“ од Прилеп, којшто од денеска е поставен и функционира пред влезот на Инфективното одделение.

„Предизвикот пред кој сме сите исправени – пандемијата на коронавирусот, од нас бара лична одговорност, солидарност и хуманост. Од тие причини, а со цел да им помогнеме на нашите здравствени работници кои се на првата борбена линија во битката со невидливиот непријател – вирусот КОВИД-19, јас и моето семејство денеска дониравме тунел за дезинфекција за потребите на Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп. Тоа е најмалку што можеме да направиме, за да им помогнеме и да им оддадеме заслужена почит и признание на здравствените работници, за нивната секојдневна пожртвуваност и несебична борба за зачување на здравјето на граѓаните.

Апелирам, до сите мои сограѓани и стопански субјекти од градот кои се во можност да донираат и да помогнат, да го направат тоа. Со взаемно помагање и солидарност, со почитување на мерките и препораките, ќе ги надминеме последиците од коронавирусот и ќе го намалиме неговото ширење“, нагласи Талевски.

Заблагодарувајќи се на донацијата, директорот на прилепската болница, Драги Богојески потенцираше дека тунелот за дезинфекција ќе биде од голема помош за оваа здравствена институција и дека особено ќе помогне за побезбедна работа на медицинскиот персонал од Инфективното одделение, каде се третираат заболени од коронавирусот и други пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …