Донесени се измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, што предвидуваат?

Донесени се измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, што предвидуваат?

Според измените, сите средства за оброк што студентот нема да ги искористи во некои од деновите, ќе му останат достапни на банкарската картичка до крајот на седмицата, заклучно до сабота

Собранието попладнево ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се предвидени новини околу начинот на користење на оваа државна мерка за студентите.

Согласно измените, доколку студентот не го искористи правото на субвенционирање на оброк во некој од деновите, износот му останува достапен за користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со ден сабота.

Тоа значи дека субвенционираниот оброк ќе може да се користи на неделна основа, односно сите средства што студентот нема да ги искористи од понеделник до петок, ќе може да ги искористи најдоцна до сабота истата седмица.

На овој начин, доколку, на пример, не ги искористи средствата во работните денови, студентот во сабота на својата специјализирана картичка на располагање ќе има акумулирани 840 денари (6 дена по 140 денари – во случај да не искористи ништо во текот на неделата). Доколку не ги потроши во сабота, парите веќе во недела или понеделник следната седмица нема да може да ги користи.

Овие измени стапуваат на сила од 1 март.

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк во Собранието беа предложени на иницијатива на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од присутните 120 пратеници во македонското собрание, за носење на законот гласаа 74 пратеници.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …