Досега дадени над милион вакцини против ковид-19, вчера вакцинирани или ревакцинирани 16.020 граѓани

Досега дадени над милион вакцини против ковид-19, вчера вакцинирани или ревакцинирани 16.020 граѓани

Надмината е бројката од еден милион дадени дози вакцини во земјава, извести Министерството за здравство (МЗ), посочувајќи дека интересот за вакцинација од пред два дена е значитечно зголемен.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во земјава и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 561.912 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.914 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.020 граѓани. Во државата вкупно се дадени 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, порачува МЗ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …