Довчерашни вработени во општински јавни институции во Прилеп реагираат до новата власт: Што стана со ветувањето дека нема да има партиски реваншизам?

Прес конференција, Билјана Спироска, поранешна вработена во ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“ Прилеп

Почитувани граѓани на општина Прилеп,

Во текот на изборната кампања како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески лично изјави дека доколку биде избран нема да има политички реваншизам кон вработените во јавните установи и претпријатија.

Борче Јовчески, како кандидат за градоначалник јавно истакна дека има чесни намери, дека нема да дозволи освета врз неистомисленици, дека нема да има прогон врз недолжни граѓани кои чесно си го заработуваат својот леб.

За жал, сето тоа биле само празни флоскули, искажани за потребите на неговата партиска кампања и негово лажно промовирање како одговорен човек и политичар кој нема да ги дели граѓаните на подобни и неподобни.

Вистинските, одмазнички намери на новата локална власт, на свој грб ги осетивме ние, дел од вработените во локалните институции кои бевме ангажирани на договор на дело.

Деновиве, Јавната општинска установа Детска градинка „Наша Иднина“ на 16 вработени кои бевме ангажирани како помошно-технички персонал не ни ги продолжи договорите за работа.

Договорите за работа не им се продолжени и на вработени во Јавното претпријатие „Комуналец“ и Јавното претпријатие за Просторно и урбано планирање кои работат во делот со паркинзите, како и дел вработени во локалната самоуправа.

Гневот на новата локална гарнитура кон оние чиј единствен грев е што се вработиле кога градоначалник на Прилеп бил од редовите на СДСМ, го почувствуваа и дел од вработените во прилепската пожарна, на кои исто така не им беше продолжен работниот ангажман.

Заради сето ова, денеска сме пред зградата на Општина Прилеп, со цел симболично да му покажеме на градоначалникот Борче Јовчески дека сме негови сограѓани, а јавноста да види дека вратите на Општина Прилеп се затворени за нас.

Господине градоначалник Јовчески,

Најпрво, свесен ли сте дека помеѓу овие граѓани на кои не им се укинати договорите за работа има и самохрани родители со мали дечиња?

Чувствувате ли малку грижа за овие луѓе на кои сега им е загрозена егзистенцијата, на кои им е прекинат единствениот приход за прехрана и издржување на своите деца?

Вака ли ќе бевте градоначалник кој ќе застане зад оние кои чесно си ја работат својата работа?

Сакате ли почетокот на вашиот мандат како градоначалник на Прилеп да остане запамтен како период на прогон и одмазда на ВМРО-ДПМНЕ врз недолжни ваши сограѓани?

Ние обесправените, оставените на улица, жртвите на политичкиот реваншизам на ВМРО-ДПМНЕ, нема да останеме рамнодушни на ваквата тортура. Нема да молчиме пред самоволието на локалните моќници од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …