Државата ќе учествува со 25 проценти во гасната централа во Александрополис, Грција најави Заев

Државата ќе учествува со 25 проценти во гасната централа во Александрополис, Грција најави Заев

Премиерот Зоран Заев објави дека државата ќе учествува со 25 проценти во гасната централа која што е веднаш до гасниот терминал Александрополис во Грција и која е со капацитет од 630 до 830 мегавати, вредна преку 400 милиони евра.

„Колку за пример за што станува збор, еден блок на РЕК Битола е 200 мегавати. Нашата намера е да вложиме одреден процент во гасниот терминал Александрополис кој што е вреден околу 400 милиони евра, и во кој има грант од ЕУ од 170 милиони евра и во кој ние ќе партиципираме со 10 проценти, а Грција и Бугарија партиципираат со по 25 проценти, а останатиот дел е приватен капитал,“ напиша Заев на неговиот фејсбук-профил.

Заев најави и инвестиции во енергетиката меѓу кои и градење на гасната централа во државата од страна на „Митилинеос“.

Годинава е најавено дека и официјално ќе започне проектот изградба на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во снабдувањето.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …