Влада

Редовна 51 седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 51 седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница ќе се разгледаат препораките од 27-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.

На предлог на Министерството за одбрана на денешната седница ќе биде разгледана Информацијата за степенот на реализација на втората етапа на вториот Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 „Жени, мир и безбедност” на Советот за безбедност на Обединетите нации (2020-2025) – стратегиска рамка.

Пред министрите, според дневниот ред ќе се најде и Предлог – програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино.

На денешната редовна седница, ќе биде разгледана и Информацијата за потребата од изготвување нова Стратегија на Република Северна Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен план за нејзино спроведување.

Прочитајте повеќе

Царинска управа колаж медикаменти

Царинска управа: Спречен шверц на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Царински службеници на влез на Меѓународен Аеродром Скопје спречија шверц на 1,7 тони медикаменти, Силденафил …