Државен завод за ревизија: ФЗО исплаќало породилно додека осигуреници примале плата

Државен завод за ревизија: ФЗО исплаќало породилно додека осигуреници примале плата

Низа пропусти при издавањето лекови, исплата на надоместок за породилно отсуство додека осигуреници земале плата, необезбедени доволно здравствени услуги за дијагностицирање ковид-19 на товар на Фондот. Ова се само дел од неправилностите кои ги утврдиле државните ревизори, а се наведени во извештајот кој денеска го објави Државниот завод за ревизија. Извештајот се однесува на финансиските извештаи на Фондот за здравствено осигурување, а е одговорност на в.д. директорот Стево Крстевски, како и на в.д. директорот Фатон Ахмети.

Државните ревизори утврдиле дека во период од три години, граѓаните потрошиле безмалку 20 милиони евра за ПЦР тестови во приватното здравство. Тие откриле дека во услови на пандемија, поради необезбедување на повеќе термини во јавните здравствени установи и несклучени договори со приватните здравствени установи за дијагностицирање на ковид-19, не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот.

Освен тоа, при исплата на надоместоците за породилно отсуство, не биле воспоставени контроли, поради што се исплатувани надоместоци и кога осигурениците остварувале плата за ефективни часови на работа.

„Со увид и анализа на електронската база на податоци на Фондот, констатиравме дека
во дел од фактурите се јавуваат повеќе рецепти со ист број, при што во текот
на 2021 година, двојно се фактурирани 21.047 рецепти во вкупен износ од
2.224 илјади денари“, наведено е во извештајот.

Ревизорите утврдиле слабости во контролите при препишување и издавање лекови. Тие изразиле мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции.

Како клучна слабост тие го наведуваат фактот дека не е ажурирана листата на лекови кои паѓаат на товар на фондот, како и тоа дека во 2021 година реализиран е значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок поради што 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи, се неодржливи.

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …