Преживеаните ја поминаа четвртата ноќ на студ, бројот на жртви од земјотресот надминува 21.000

Преживеаните ја поминаа четвртата ноќ на студ, бројот на жртви од земјотресот надминува 21.000

Повеќе од 21.000 луѓе загинале во земјотресите во понеделникот во Турција и Сирија, a ОН предупредуваат дека целосниот обем на катастрофата сè уште е нејасен, пренесе Би-би-си.

Спасувачите сè уште ги бараат преживеаните во урнатините, но надежите исчезнуваат, бидејќи поминаа повеќе од четири дена од првиот два големи земјотреса. Десетици илјади луѓе ја поминаа ледената четврта ноќ во импровизирани засолништа, откако ги загубија своите домови.

Турскиот претседател го нарече земјотресот „катастрофа на векот“. Во меѓувреме, меѓународните напори за помош растат. Вчера Светската банка вети 1,78 милијарди долари (1,38 милијарди фунти) помош за Турција, вклучително и непосредни финансии за обнова на основната инфраструктура и за поддршка на погодените од земјотресите. Друга донација дојде од САД, кои ветија пакет од 85 милиони американски долари за двете земји.

Во меѓувреме, напорите на над 100.000 припадници на спасителните и другите тимови се попречени од логистичките пречки, вклучувајќи недостиг на возила и уништени патишта.

Шефот на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека целосниот обем на катастрофата сè уште „се расплетува пред нашите очи“, особено во Сирија каде што долготрајната граѓанска војна ја уништи земјата.

Во четвртокот, првата хуманитарна помош на ОН ја премина границата во северозападна Сириј,а преку преминот Баб ал-Хава во Идлиб. Преминот е единствениот начин на кој помошта на ОН може да стигне до регионот без да патува низ областите контролирани од сириските владини сили.

„Ова е моментот на единство, не е момент да се политизира или да се дели, но очигледно е дека ни треба голема поддршка“, рече тој.

Мунира Мохамад, мајка на четири деца која побегна од Алепо во Сирија по земјотресот, изјави за Ројтерс дека нејзиното семејство има очајна потреба од греење и повеќе залихи, велејќи: „Синоќа не можевме да спиеме бидејќи беше многу студено. Многу е лошо“.

Спасувачката група „Бели шлемови“ соопшти дека единствениот конвој на ОН што стигнал во регионот не содржел специјализирана опрема за ослободување на луѓето заробени под урнатините.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

обвинителство

OJO покрена истрага против две лица за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство (ОЈО) отвори истражна постапка против активен врховен судија и уште едно лице …