Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености од различна природа во работењето на општина Прилеп, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Прилеп за 2022 година.
Со извршената ревизија констатирани се состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива на сметките на основен буџет 630 и 637.
Отсуствува граѓанското учество при креирање и реализирање на буџетот и транспарентност во јавното информирање, а советот на општината усвојува буџет за кој нема донесено програми за активностите кои се во надлежност на општината.
Во продолжение се документите за 4 сметки на општина Прилеп