ДУИ и ВРЕДИ не влегуваат во Влада која нема да поддржи уставни измени

ДУИ и ВРЕДИ не влегуваат во Влада која нема да поддржи уставни измени

Во синоќешната дебата на ТВ 21, претседателските кандидати на ДУИ и Коалицијата ВРЕДИ, Бујар Османи и Арбен Таравари потенцираа дека ниту една партија од албанскиот политички блок нема да учествува во Влада со партија која нема да ги поддржи уставните измени.

„Сигурно Ахмети ви кажал, ние, ВРЕДИ и ДУИ, имаме џентлменски договор дека не влегуваме во Влада која не прави уставни промени“, истакна Таравари.

„Мандатарот на кој му се дава мандат за формирање на Влада, да му се бара динамика со рокови за спроведување на уставните измени. Не велам за месец, два или три, туку да не биде повеќе од шест месеци со цел ова да заврши и Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ“, нагласи Таравари.

Бујар Османи, претседателскиот кандидат на ДУИ, посочи дека овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме.

„Овие избори се специфични, не се обични како бирање меѓу мене, Таравари или другите пет кандидати, туку е одлука на граѓаните каква држава и каква иднина сакаме. Бидејќи се наоѓаме пред два патишта – едниот овозможува бериќетна европска иднина и другиот кој не’ носи во изолација, без перспектива“, истакна Османи.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …