Двајца осомничени за опожарувањето на автомобилот на сопругата на Шилегов добија притвор

Двајца осомничени за опожарувањето на автомобилот на сопругата на Шилегов добија притвор

Основно јавно обвинителство Скопје соопшти оти е почната истражна постапка против две лица, на возраст од 24 и 22 години, кои ги сомничи дека го опожариле џипот Ауди Q5 на сопругата на претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Во кривичната пријава биле наведени три осомничени лица, но Обвинителството заклучило да ја отфрли пријавата за третото лице, бидејќи не се утврдени постапки за кривичното дело.

На 9 март ноќта, првиот осомничен повикал такси возило во Ѓорче Петров и влегол на совозачкото седиште, носејќи со себе пластична туба со жолта течност. На таксистот му кажал да вози до улицата „Козле“, каде во возилото се качил вториот осомничен. По пат двајцата се договарале за начинот на кој ќе го извршат кривичното дело. Од такси возилото се симнале на булеварот „Партизански одреди“ и продолжиле да се движат пеш, објаснуваат од Обвинителството.

Кога пристигнале на улицата „Мексичка“, двајцата осомничени со течноста полеале паркиран автомобил Ауди Q5 и го запалиле. Пламенот се проширил, па освен автомобилот Ауди, целосно изгорел и автомобил Фолксваген пасат, додека делумно биле зафатени и оштетени уште два други автомобили и еден објект.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, а судијата го прифатил предлогот и им изрекол притвор од по 30 дена.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …