Две години членство во НАТО

Две години членство во НАТО

Министеркатра за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресрет на двегодишнината од нашето членство на Алијансата потсетија дека 27 март, е во редот на најважните датуми од независноста на државата затоа што пред две години на овој ден станавме полноправна членка на НАТО.

„Република Северна Македонија две години членка на НАТО. Денешниот датум е во редот на најважните од независноста на државата, ден кога ја заокруживме стратешката цел, членство во најмоќниот воено политички сојуз. Заедно сме посилни, “, напиша министерката Петровска.

Шефот на дипломатијата се осврна и на актуелните околности потсетувајќи дека најважно е да имаме вистински пријатели и сојузници со кои заеднички ќе ги обликуваме значајните одлуки и ќе придонесуваме за нашата заедничка безбедност.

„Заедно и обединети стоиме 30 земји сојузници со еднаква определба за одбраната на мирот, безбедноста, слободата и демократските вредности“, напиша Османи во објавата на Фејсбук.

„Станавме посилно интегрирани во евро-атлантската заедница, како сојузници со најголемите и најсилни држави, најсозреани и најстабилни демократии со кои споделуваме заеднички вредности. Застанавме рамо до рамо со најмоќните држави во светот и рамноправно придонесуваме за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и светот“, истакна Османи.

Министерот синоќа соопшти и дека по повод две години од членството на НАТО, зградата на МНР беше осветлена во боите на Алијансата.

Република Северна Македонија стана членка на најголемиот воено-политички сујуз на светот во услови на глобална пандемија.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …