Џафери: Не само од воен аспект, туку и од економски, последиците ќе се одразат врз регионот и пошироко

Џафери: Не само од воен аспект, туку и од економски, последиците ќе се одразат врз регионот и пошироко

Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави денес на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој потсети дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време на кризата во Украина во 2014 година е непроменет и актуелен и денес.

„Ставот на Собранието и на државата е дека Украина има свој територијален  суверенитет и треба да се почитува од сите. Иако воените дејствија ескалираат, приоритет треба да има дијалогот, преговорите и разговорите, сѐ додека се исцрпат сите инстанции. На Украина ѝ припаѓа правото да може да има право на соодветен одговор како и секоја суверена земја“, изјави Џафери.

Тој додаде и дека нема разлики меѓу ставот на Република Северна Македонија и западниот свет – ЕУ, САД, и сите сили кои мислат дека е несоодветен начинот на кој е постапено во Украина.

„Советот за безбедност на ОН имаше свој став, меѓународната заедница треба да ги спроведе истите ставови. Ситуацијата е таква каква што е, ние не можеме да седиме со скрстени раце и да чекаме. Ова е прашање посебно за економските импликации и соодветните институции треба да преземат соодветни и превентивни мерки за да се надминат можни негативни економски влијанија“, рече Џафери.

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …