Џафери: Секое дете заслужува достојни услови за учење, континуирано вложуваме во квалитетно образование

Џафери: Секое дете заслужува достојни услови за учење, континуирано вложуваме во квалитетно образование

Претседателот на Владата, Талат Џафери денеска заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири го означија почетокот на изградбата на основното општинско училиште „Рилиндја” во село Селце во Тетово.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери:

„Денеска сме тука, во село Селце и започнуваме со изградба на сосема нов објект за основното општинско училиште „Рилиндја“ кое ќе им овозможи достојни услови на учениците од ова населено место.

Децата повеќе нема да учат во стари училници коишто се изградени во далечната 1954 година и во лоши услови, туку ќе следат настава во модерно училиште.

Новата училишна зграда ќе биде со вкупна површина од 2.400 квадратни метри, поделена на два ката. Проектирани се девет училници од по 24 ученици, една училница за деца од предшколска возраст, два кабинети за извршување на научно-наставна програма како и една училница за информатички науки.

Проектот ќе чини 100.000.000 денари и градбата се очекува да биде завршена до 2025 година.

Секое дете заслужува достојни услови за учење, без разлика дали живее во село или во град. Затоа постојано инвестираме во современи училишта и квалитетен наставно-образовен процес.

Само во последните две години, со реконструктивни активности за кои беа обезбедени буџетски средства, опфатени се 120 училишни објекти, а изградени се и 43 училишни спортски сали во основни и средни училишта. Се градат, доградуваат и опремуваат училишта низ целата држава, и со буџетски средства, но и со поддршка од меѓународни финансиски институции. Секако, финансиска поддршка за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали од Владата првенствено треба да добиваат училиштата каде што е тоа најпотребно.

Воедно, подобрени се условите и за наставниците, и се создадени услови за нивно континуирано усовршување и за зголемување на нивните плати кое само во изминатите две години беше околу 35%.

Влогот во образованието е влог во иднината на државата, затоа што без образовани генерации, ниту едно општество нема да има напредок“.

Прочитајте повеќе

Есенската кошница заврши - се чекаат новогодишните мерки

Есенската кошница заврши – се чекаат новогодишните мерки

Повеќе од 70 основни прехранбени производи од денеска, први ноември, ќе добијат нови цени откако …