Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, во земјава биле попишани 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови, информира Државниот завод за статистика (ДЗС). Попишувањето со несмален интензитет продолжува и во текот на денешниот ден, кога се очекува да биде надминатата бројката од милион попишани лица во земјава.
Инаку, пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава започна на 5 септември и е предвидено да трае до 30 септември.
Воедно, заклучно со 8 часот до денешниот ден, преку апликацијата за самопопишување во странство досега биле самопопишани 193.370 лица од дијаспората.
Државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство исто така ќе можат да се самопопишат до 30 септември.