До 20 часот вчера, во рамки на пописот се попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).
Истовремено, 193.054 македонски државјани кои живеат во странство или таму имаат времен престој се самопопишале преку интернет апликацијата почнувајќи од април годинава па заклучно со вчера.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава почна на 5 септември и ќе трае до 30 септември. Во април пописот беше одложен за овој месец, поради тогашниот трет ковид – бран.
Од ДЗС велат дека попишувањето од епидемиолошка смисла е безбедно бидејќи сите попишувачи се должни да носат маски на лицето, да одржуваат растојание од граѓаните и редовно пред и по секое попишување во домакинствата, мора да ги дезинфицираат рацете и лаптоп уредите.
Граѓаните имаат право, доколку сакаат, да побараат во нивното домаќинство да дојде вакциниран попишувач.