СДСМ: Мицкоски на дело - подмолно ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово

СДСМ: Мицкоски на дело – подмолно ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Ако до сега некој се сомневаше, еве го Христијан Мицкоски на дело како се обидува на подмолен начин, без трошка совест, да ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во Тетово во политички цели.

Еднакво подмолно е што Мицковски се става во улога на истражител, вештак, обвинител и судија и онака од ракав става на маса факти кои немаат допирна точка со реалноста.

Внимавајте, сето ова Мицкоски не го прави затоа што е загрижен, затоа што му е жал за загубата на човечки животи, туку бескрупулозно се бори за гола власт. Ништо друго.

Вакво ниско ниво на политичка култура, неприземно, некрофилско и деструктивно однесување не се памети. Мицкоски е трговец со човечки судбини. Без око да му трепне трампа загубени души за гласови. Мицкоски има морал, совест и образ еднаков на НУЛА.

Граѓаните затоа ќе му испорачаат уште еден голем пораз на претстојните локални избори.

Бидејќи препознаваат дека неговото единствено мото е колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за него и режимското ДПМНЕ!

Прочитајте повеќе

Дивоградби во Охрид

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

За случајот со дивоградбите и незаконски приватизираните парцели во Студенчишко Блато, Фронт 21/42 поднел пријави …