сонце жешко време

Натпросечно топло време за овој период од годината

Денеска ќе преовладува сончево и натпросечно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој на места ќе достигне брзина и над 70 км/час. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд. Температурата ќе се движи во интервалот од 26 до 37 степени Целзиусови.

Утре преку денот и во недела претпладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Од понеделник продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …