ДЗС

ДЗС: Објавен четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите  во Република Северна Македонија, 2021г,  Државниот завод за статистика, во четвртиот сет  ги објави  пописните податоците кои се однесуваат на:

  • домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
  • начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
  • број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и помошни простории и
  • дел од карактеристики на зградите.

Според податоците:

  • Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата  изнесува 3.1.
  • Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или  5% живеат  во четиричлени  домаќинства.
  • Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
  • Бројот на семејства изнесува 538 348.
  • Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат  брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или  1%  се брачни парови без деца,  9 379 семејства или 1.7% се  сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619  семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
  • Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од  јавен водовод, додека  2.14%  домаќинства користат флаширана вода за пиење.
  • Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
  • Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,  34 277 или 4.1%  се без водоводна инсталација,  а 60 807 или 7.3%  немаат систем за канализација.
  • Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.

Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за  Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021

Прочитајте повеќе

Судски совет

Весна Дамева е новата претседателка на Судскиот совет

За нова претседателка на Судскиот совет е избрана Весна Дамева со 10 гласа „за“ и …