Ракетен напад

Најмалку пет загинати и 25 повредени во руски ракетен напад на градот Кропнивицки

Во рускиот ракетен напад на градот Кропнивицки во централниот дел на Украина загинаа најмалку пет лица, а 25 се повредени, јавува Би-би-си. Нападот се случил попладнево во 12:22 часот по локално време, а во нападот била погодена академијата за авијација на Универзитетот за национална авијација и хангари на авијациска компанија.

Меѓу загинатите лица во рускиот ракетен напад, едно лице е украински војник, додека 12 од повредените се воен персонал. Останатите загинати и повредени лица се цивили, јавува Укринформ. 

Во рускиот ракетен напад се уништени два патнички авиони и еден авион Антонов-26. На местото на нападот се наоѓаат спасувачки екипи и истражни органи, а украинските власти засега не објавуваат фотографии од ракетниот напад.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Разнесена брана кај Херсон

Разнесена брана кај Херсон, постои опасност од катастрофални поплави

Засега, според извештаите од нуклеарната централа Запорижја (ЗНПП), која во голема мера се потпира на …