Дзс

ДЗС: Податоците од пописот ќе се објават до крајот на март

Државниот завод за статистика (ДЗС) во изјава за Порталб.мк најавува дека резултатите од пописот на населението и домаќинствата ќе бидат објавени до крајот на март, кога истекува законскиот рок, пишува Порталб.мк.

„Резултатите од Пописот 2021 година ќе бидат објавени најдоцна до крајот на март 2022 година. За точниот датум јавноста ќе биде навреме информирана“, велат за Порталб.мк од ДЗС.

Претходно ДЗС,најави дека резултатите ќе бидат објавени на крајот на 2021 година, но тоа не се случи.

Заменик директор на ДЗС, Илми Селами, на 3 јануари 2022 година, рече дека причината поради која доцнеле резултатите е тоа што институциите доцнеле со поднесување на ажурираните информации што ги бара Државниот завод за статистика.

Пописот на населението во Северна Македонија се спроведе во септември, а пак според законскиот рок резултатите мора да се објават најдоцна до март.

Според податоците што ги објави заводот, со пописот на населението што траеше од 5 до 30 септември, регистрирани се 1.832.696 лица, 568.175 семејства и 837.255 станови. Оние кои од која било причина останале нерегистрирани, ќе се најдат во некоја од базите на податоци при обработката на податоците и ќе бидат дел од пописот.

Последниот попис во Северна Македонија се спроведе во 2002 година. Десет години подоцна или во 2011 година не се одржа поради судири меѓу албанските и македонските политички партии, околу начинот на спроведување, односно вклучување или не на граѓани кои привремено живеат во странство, а повеќето од нив се Албанци. Беа потрошени два милиони евра, а за прекин на пописот имаше и предистражна постапка против двајцата лидери на тогашната владејачка коалиција, Никола Груевски и Али Ахмети, но оваа постапка заврши без судски епилог.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …