Е-КАПИТОЛИЈАДА, ИЗРАБОТУВАМЕ ЕКО МАСКИ ОД ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Е-КАПИТОЛИЈАДА, ИЗРАБОТУВАМЕ ЕКО МАСКИ ОД ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол мол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение).

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска  ќе имаат за задача да изработат индивидуална креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии.

Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 01.04.2021год. до 16 часот.

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски ќе обезбеди три главни награди. Од стручно жири ќе бидат доделени две награди, прва награда канон фотоапарат и втора награда паметен часовник, додека  една награда ќе биде доделена за најлајкувана фотографија на социјалните мрежи на Капитол Мол ( фејсбук + инстаграм) – гејмерски сет (слушалки, тастатура и глувче).

За категоријата најлајкувана фотографија важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 03.04.2021 – 12 часот.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 05.04 во 12часот.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.

Правилник за учество

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …