Младите основци и средношколци може да добијат до 200.000 денари за истражувачки проекти

Министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров денеска го промовираа јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти“ чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

Повикот е отворен и за основци и за средношколци од земјава, што би работеле истражувања во тимови, под менторство на еден до двајца наставници. Секој тим ученици треба да брои од пет до 10 члена, а минималната сума што ќе се доделува за предложен проект е 100.000 денари, но може да се добијат и 200.000 денари.

Целта на овој предизвик е да се поттикнат ученциите да изнајдат креативни и иновативни решенија за зачување на животната средина. Процесот на истражување треба да се прави според научниот метод, односно: Формулација, изработка, потврдување и експеримент/набљудување. Како резултат, секој тим што ќе конкурира за дел од вкупниот награден фонд од три милиони денари треба да подготви истражувачки есеј, задача, прототип, аудио или визуелен материјал.

Рокот за изработка е 12 месеци, а пријавувањето трае до 20 април годинава.

Предизвикот се спроведува по четврти пат како дел од концептот кој го развива ФИТР – “Фонд за млади умови”.

Сите детали може да се прочитаат тука.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …