ТИР-зоните остануваат носители на извозот со речиси 48 проценти удел

ТИР-зоните остануваат носители на извозот со речиси 48 проценти удел

Трендот на зголемени економски активности во Технолошко-индустриските зони продолжува и во вториот месец од годинава, покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ.

„Компаниите активни во зоните учествуваат со 48 проценти од вкупниот извоз во националната економија, што е за три процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари 2021 е за речиси 17 проценти зголемен во однос на февруари 2020 година. Овој пораст е за 1,6 процентни поени повисок од порастот на вкупниот извоз во јануари 2021, во однос на јануари лани,“ информираат од ТИРЗ.

И во однос на увозот компаниите во ТИРЗ учествуваат со околу 40 проценти од вкупниот увоз и во февруари изнесувал 249,3 милиони евра.

„Споредбено во рамки на зоните во февруари 2021 е регистриран благ раст од околу два отсто во однос на февруари 2020. Покриеноста на увозот со извоз останува значителнна. Така, во февруари 2021 нето извозот достигнува скоро +20 отсто, што е раст во однос на јануари 2021 за 2 процентни поени. Споредено со вкупната економија, покриеноста на увозот со извоз во јануари 2021 има позитивен тренд на подобрување од околу десет проеценти, но сеуште е во минус 15,3 отсто,“ се додава во соопштението.

Бројот на вработени во зоните останува стабилен и во вториот месец од годинава. Во овие компании работат над 14.000 лица, при што кај дел од компаниите во тек се постапки за прием на нови работници. Според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, постојните договори со инвеститорите пресвидуваат обврска за креирање на нови 7.500 работни места.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …