Караџоски: Регистрирани 116 случаи на реинфекција со ковид-19

Караџоски: Регистрирани 116 случаи на реинфекција со ковид-19

Претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Жарко Караџоски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче информираше дека кај 116 граѓани на земјата е забележана реинфекција со ковид-19.

„Во нашата држава досега се регистрирани, заклучно со вчерашните податоци, 116 случаи на реинфекција, официјално верифицирани кај нас во нашиот софтвер-систем и 2 починати“, рече Караџоски одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на тоа дали е возможна реинфекција, тој рече дека апсолутно е возможна и кај нас и во светски рамки. Караџоски додаде дека будно се следи и процентот на лица кои се по втор пат заболени од ковид-19 кој во моментов изнесува 0,01 отсто.

На некои 112.000 позитивни ако земете 116 реинфекции, тоа е 0,01 процент што е релативно многу мал од вкупниот број на позитивни, рече Караџоски.

Тој додаде оти верува дека сите овие реинфекции се должат во голем дел на непочитување на мерките или контакт на лица кои биле еднаш заразени со моментално заболени, но можеби со некој друг сој на вирусот, како на пример британскиот.

За овој сој е карактеристика 50 до 70 отсто побрза полесна трансмисибилност, значи полесно заразување со него, вели Караџоски.

Според него, самиот податок дека вирусот има повеќе од 4.000 мутации значи дека истиот човек што веќе бил заболен може да заболи повторно од друг сој или од истиот сој меѓутоа при помал имунолошки одговор на самиот организам.

Претходно министерот Венко Филипче посочи дека земјата се наоѓа во екот на третиот бран на зараза со SARS-CoV-2, но сè уште не се предлага продолжување на полицискиот час кој трае од 22 часот навечер до 5 часот наутро секој ден.
„За еден месец бројката е зголемена за 5 илјади заразени. Во болниците има околу 1.100 пополнети болнички места, а притисокот во Скопје е навистина голем“, рече Филипче додавајќи дека нивните анализи покажуваат дека оваа мерка ќе даде резултати за 4-5 дена.
Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …