ЕБОР ќе финансира 181 милиони евра за надградба на патната мрежа

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе обезбеди 86 милиони евра за надградба на транспортната инфраструктура и зајакнување на регионалната интеграција на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Инвестицијата е делумно поддржана и од Фондот на Централнo европската иницијатива (ЦЕИ), обезбеден од Владата на Италија.

Од втората транша во вкупен износ од 181 милиони евра од ЕБОР, ќе се финансира надградбата на 26 делови од македонската патна мрежа, која покрива над 400 километри од регионалните и локалните патишта во земјата. Втората транша се надградува врз иницијативите од претходните проекти и дополнително ќе ги олесни реформите во финансирање на патниот сектор.

„Обезбедувањето на одржлива инфраструктура е еден од нашите развојни приоритети и благодарение на соработката со ЕБОР, добро напредуваме во обезбедувањето на подобар транспорт во земјата“, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Инвестициската програма вклучува и градење на институционалниот капацитет за зајакнување на националните стандарди за безбедност на патиштата, преку обука, спроведување на ревизија и истражувања за безбедноста на регионалните патишта.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Влада: Повисоки плати за 22 отсто за 3.000 професори и вработени во УКИМ

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на …