Ед Ширан, Стинг, Мадона, Ју Ту и други светски ѕвезди ќе пеат за поддршка на Украина

Ед Ширан, Стинг, Мадона, Ју Ту и други светски ѕвезди ќе пеат за поддршка на Украина

Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“  повикуваат на учество во манифестација со приклучување до телемост со светски ѕвезди „SAVE UKRAINE“.

Манифестацијата посветена на прекинување на руска воена агресија во Украина ќе се одржи денес,  на 27 март 2022 година (недела). Телемаратонот ќе се емитува и на големиот екран на Македонски Телеком на плоштад „Македонија“ со почеток во 17:30 часот по македонско време.

За време на концертот ќе настапат украински (Jamala, Okean Elzy, MONATIK, Ruslana, DakhaBrakha, Kalush, Go A) и светски ѕвезди, меѓу кои Sting, Ed Sheeran, Bryan Adams, U2, Madonna, Imany, Imagine Dragons, Rod Steward, Elton John и многу други.

Во многу земји на светот, телемаратонот ќе се емитува на националните телевизии, во центрите на градовите и слично.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мајкрософт

Голем број банки, аеродроми и медиуми погодени од глобален прекин од „Мајкрософт“

Широко распространет прекин поврзан со работните станици на Windows ги погоди големите компании, вклучувајќи ги …