Еден од уапсените антиваксери во Србија бил вакциниран, соопшти српската премиерка Брнабиќ

Еден од уапсените антиваксери во Србија бил вакциниран, соопшти српската премиерка Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ информираше дека еден од петте уапсени антиваксери во антиваксерската кампања во Србија е вакциниран против корона вирус.

„Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.

Премиерката овој чин го оцени како најстрашно лицемерство, потенцирајќи дека антиваксерите ја загрозуваат националната безбедност.

„Тие сериозно ја загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, а на социјалните мрежи, шират паника и лажни вести“, додаде таа.

Инаку српските власти изминатава недела уапсија неколку лица, антиваксери за ширење паника.

Брнабиќ го коментираше собирот на противници на вакцинацијата кај белградскиот споменик на Стефан Немања вчеравечер. Премиерката вели дека ова бил мирен протест па затоа никој не бил уапсен.

„Покажавме дека никогаш нема да апсиме луѓе за непријавени митинзи ако тие се мирни. Можеме само да апелираме дека тоа не се случува. Државата не може да апси луѓе ако се соберат мирно, но мислам дека овој собир е многу лош, мислам дека е глупав“, оцени таа.

Таа тврди дека протестите против вакцинацијата не се само српска специфичност, туку се случуваат и на друго место во Европа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …