Еден убиен, двајца повредени во напад во Париз

Еден германски државјанин загина, а двајца се повредени во напад на маж во близина на Ајфеловата кула во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека осомничениот за нападот извикувал „Алаху Акбар“.

Нападот бил извршен синоќа, кога дваесет и шестгодишен маж, државјанин на Франција, со нож нападнал брачен пар туристи на неколку стотини метри од Ајфеловата кула.

Потоа убил германски државјанин. Напаѓачот бил бркан од полицијата, а со чекан нападнал уште две лица пред да биде уапсен.

Дарманин изјави дека осомничениот извикал „Алаху Акбар“ и на полицијата и рекол дека е вознемирен поради страдањата на муслиманите во Авганистан и на палестинските територии, како и за ситуацијата во Газа.

Дарманин рече дека полицијата брзо, користејќи пиштол за шок, го уапсила осомничениот.

Во 2016 година, осомничениот бил осуден на четири години затвор за планирање на напад и беше на списокот на лица под надзор на француските безбедносни служби.

„Тој беше познат и по тоа што има ментални нарушувања“, додаде министерот Дарманин.

Обвинителството за борба против тероризам соопшти дека е надлежно за истрагата.

Прочитајте повеќе

Белорусија одржува општи избори, опозицијата повикува на бојкот

Белорусија одржува строго контролирани парламентарни избори под силно обезбедување на избирачките места и во услови …