воз железница

Еден загинат и триесетина повредени во железничка несреќа во Холандија

Тешка железничка несреќа се случи утринава во Холандија, кога едно лице загина, а околу 30 се повредени, пренесува Јуроњуз.

Сообраќајната несреќа се случила околу 3:25 часот утринава во близина на Хаг, а во возот имало околу 50 луѓе. Според досегашните информации, патничкиот воз излетал од шините откако удрил во градежна опрема на шини меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија.

Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил.

Џон Вопен, извршен директор на Pro Rail, ја нарече несреќата „црн ден за холандските железници“.

Повредените патници биле згрижени во домовите кои се наоѓаат во близина каде што се случила несреќата, а потоа биле транспортирани во болниците.

Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и Хаг е прекинат.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Голем руски напад врз украинската енергетска инфраструктура

Голем руски напад врз украинската енергетска инфраструктура

Украинските власти рано утринава (28 ноември) јавија за масовен напад на руските сили врз енергетската …