софија бугарија

Закани за бомби утрово во 50 училишта во Софија, заканувачи бараат исплата во биткоини

Дури 50 училишта во бугарскиот главен град Софија утрово добиле закани за поставени бомби, поради што учениците и наставниот кадар биле евакуирани. Само во две од нив наставата продолжила. Еден директор на софиско училиште го објави мејлот со закани што му стасал, јави Бугарското национално радио (БНР).

Училишта во голем број населени места во Бугарија во последниве две седмици речиси секојдневно добиваат закани за поставени бомби, слично како што се случуваше во Македонија.

Мејловите што стигнале до училиштата денеска се од истиот испраќач како во првите два дена на минатата седмица. Закани утрово добиле и неколку универзитети во Софија, јави БНР.

Директорот на 119-то средно училишта во Софија, „Академик Михаил Арнаудов“ на својот профил го објави мејлот што го добил утрово:

„Сѐ уште не си ме фатил. Јас сум истиот Егор Сињански. А со мене е брат ми Дања Зајнулин. Русин што живее во Бугарија. Врбував многу луѓе во мојот легион и сум се снабдил со опрема за производство на бомби и оружја. И ние ќе пукаме и ќе ги разурнеме сите училишта и универзитети во Софија во кое било време. Можете да го избегнете тоа ако префрлите голема сума биткоини во мојот криптопаричник. Ми требаат вашите пари. Ако нема пари, теророт ќе продолжи. Ако има пари, се ќе заврши. Ние чекаме“ гласи мејлот испратен до ова софиско училиште.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дали по заканите за „Голема Србија“ наскоро ќе следат дела?

Дали по заканите за „Голема Србија“ наскоро ќе следат дела?

Србија и босанските Срби сè поотворено се стремат кон заедничка држава и го продлабочуваат сојузот …