Еден загинат на протестите во Куба, властите за првпат преземаат дел од одговорноста за кризата

Еден загинат на протестите во Куба, властите за првпат преземаат дел од одговорноста за кризата

Едно лице загина на антивладините протести во Куба, додека повеќе од 100 лица се уапсени во протестите кои почнаа во неделата и досега прераснаа во најголеми демонстрации во изминативе децении во комунистичката земја, јавува Гласот на Америка на македонски јазик. 

Протестите започнаа поради недостатокот на храна, високите цени, проблемите со напојувањето на електричната енергија и начинот на кој кубанските власти се справуваат со ковид пандемијата. Главниот град на Куба, Хавана е под силно полициско обезбедување, додека поранешниот лидер Раул Кастро се сретна со актуелниот претседател Мигуел Диаз – Канел и другите лидери на Комунистичката партија.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Нед Прајс, на брифинг во вторникот рече дека демонстрантите „се спротивставуваат на авторитарниот режим“. Би-би-си јавува дека официјалните власти откако го прекинаа интернетот во времетраење од три дена, од средата граѓаните на оваа земја повторно имаат пристап до нивните профили на Фејсбук, Вотсап и Твитер.

Кубанскиот претседател Мигуел Диаз – Канел наспроти досегашните обвинувања до САД дека стојат зад протестите во неговата земја, во телевизиско обраќање на државната телевизија за првпат говореше критички кон кубанската влада, обвинувајќи ја дека има дел од одговорноста за економската криза во земјата.

За да го амортизира притисокот од протестите и незадоволството меѓу кубанскиот народ, владата од претстојниот понеделник ги укина царинските трошоци за увоз на храна и лекови за патниците кои влегуваат во Куба. Би-би-си сепак пишува дека е прашање дали ваквата мерка може да ја ублажи економската криза во која се наоѓа оваа земја.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …