Едукативен саем за млади од областа на воздухопловство

Едукативен саем за млади од областа на воздухопловство утре на Школка

Здружението за подобро воздухопловство Авикон од Скопје утре во Градскиот парк на Школка, во 11 часот отганизира воздухопловно – едукативен саем за млади кои сакаат во иднина да се бават со професии од оваа област. За прв пат овој саем се одржа минатата година.

Учество на саемот ќе земат голем број на организации од областа на воздухопловството, како Агенцијата за цивилно воздухопловство, ТАВ, Воздухопловна Федерација, М-НАВ а.д. Скопје, Спортските аероклубови од земјава, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Народна техника, Макетарски и моделарски клубови од земјава, Ад Вербум, Воздухопловната академија од Србија, Европскиот воздухопловен институт од Романија како и ексклузивниот учесник Wizz Air од Унгарија.

Претставници од овие институции во неформален формат пред младите ќе ги претстават можностите за стекнување квалификации доколку се одлучат за некоја од професионалните опции во областа на воздухопловството. На овој начин, имајќи можност директно да се обратат и разговараат со луѓе коие веќе се дел од воздухопловството, посетителите ќе добијат јасна претстава за насоката на нивниот кариерен развој.

„Бидејќи нема формално образование во нашата земја за многу од воздухопловните професии, ова е начинот како младите да имаат појасна слика доколку се одлучат утре да станат и самите тие воздухопловните професионалци“, велат од Авикон.

Овој саем, освен за младите е наменет и за сите љубители на воздухопловството кои се заинтересирани за меѓусебна соработка и размена на идеи и знаења од оваа област.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …