европско знаме

ЕК ја стопира помошта за Палестина

Објавата беше проследена со остра и едногласна осуда „на терористичките напади на Хамас врз Израел во текот на викендот“

Европската комисија (ЕК), вчеравечер порача дека почнува итно ревидирање на помошта што ЕУ ја дава на Палестина, по нападите на Хамас врз Израел во саботата. Објавата беше проследена со остра и едногласна осуда „на терористичките напади на Хамас врз Израел во текот на викендот“.

„Покрај постоечките безбедносни контролни механизми, целта на оваа ревизија е да се биде сигурен дека ниту едни фондови од ЕУ не оспособуваат индиректно која било терористичка организација да врши напади против Израел“.

Комисијата порачува дека исто така итно ќе изврши ревизија за помошта, доколку во светлината на изменетите околности на терен, ќе има потреба да се прилагодат нејзините програми за поддшка на палестинското население“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …