Киевските системи за противвоздушна одбрана соборија 10 руски беспилотни летала во средата, рече градоначалникот на градот, додека Соединетите држави се блиску до финализирање на плановите да го испратат својот систем за противвоздушна одбрана Патриот во Украина, што е потенцијално клучен потег во конфликтот. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека системите за противвоздушна одбрана собориле 10 беспилотни летала Шахед од иранско производство и дека имало експлозии во централниот кварт Шевченковски. Администрацијата на Киев соопшти дека според прелиминарните информации, две административни згради во Шевченковски се оштетени и се разјаснуваат информациите за потенцијални жртви. Ројтерс не беше во можност самостојно да ја потврди информацијата.
Г7 размислува за дополнителна противвоздушна одбрана за Украина
Во меѓувреме, Вашингтон би можело утре да објави одлука за обезбедување на сисѕтемите за противвоздужна одбрана Патриот, изјавија двајца официјални лица за Ројтерс. „Патриот“ се смета за еден од најнапредните американски системи за воздушна одбрана и обично е дефицитарен. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го предупреди НАТО да не го опреми Киев со Патриот и најверојатно Кремљ ќе го смета потегот како ескалација. Системот Патриот ќе и помогне на Украина да се одбрани од брановите руски ракетни и беспилотни напади кои ја погодија енергетската инфраструктура на земјата.
Полска предлага дополнителни системи „Патриот“ на границата со Украина
Киев вчера одржа воени разговори на високо ниво со Вашингтон, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Еден од американските официјални лица изјави дека украинските сили најверојатно ќе бидат обучени во Германија пред да биде испорачана опремата за Патриот. Обуката би можело да трае неколку месеци. САД и дадоа на Украина 19,3 милијарди долари воена помош од руската инвазија на 24 февруари.
Извор: Радио Слободна Европа