ЕЛЕМ продолжува со максимално испуштање на водата од Охридско Езеро

ЕЛЕМ продолжува со максимално испуштање на водата од Охридско Езеро

Бидејќи 2018 е година на големи води, АД ЕЛЕМ реализира максимално производство на електрична енергија со максимално испуштање на водата од Охридско Езеро во реката Црн Дрим, информираат од државниот производител на струја.

Со максимално испуштање на водите ќе се продолжи и во следните два месеца, додека котата не се стабилизира под номиналната максимална вредност од 693,75 метри надморска височина, велат од ЕЛЕМ

Според хидролошката информација издадена од УХМР, нивото на Охридското Езеро денеска изнесува 693,64 метри надморска височина, односно е на 11 сантиметри под максималната кота.

Од ЕЛЕМ објаснуваат дека со водостопанска дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање од 24 ноември минатата година за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, пропишано е дека АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија може да ја користи водата помеѓу минималната и максималната кота на Охридското Езеро, односно од 693,10 до 693,75 метри надморска височина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …