Пратеникот Артан Груби става свои лица да делат награди за новинарство

Пратеникот Артан Груби става свои лица да делат награди за новинарство

На 1 март во Собранието е одлучено дел од Советот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“ за областа на новинарство, да биде сопственикот на порталот „Тетова сот“, Рами Мислими, кој воедно е и вработен во Општина Тетово од времето кога градоначалник беше Сади Беџети, објави „Порталб“.

Именувањето на Мислими како член на Советот, на местото на Бујар Плоштани, е на предлог на пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Мислими не беше предлог на Министерството за култура, но според процедурата, пратениците имаат право да ги тргнат предлозите на Министерството, а на нивни места да предложат други имиња.

– Јас не го знам Бујар Плоштани, никогаш не сум му ја слушнал гласот – изјави Груби, при предлогот да се отстрани Плоштани од листата на предложени имиња на Министерството за култура, и на негово место да дојде Мисими.

Пратеникот Груби, беше недостапен на телефонските повици на „Порталб“, за да се изјасни, врз основа на кои критериуми го предлага Мислими.

И Мисими, за порталот „Алмакос“, не сакал да го коментира својот избор.

Предлогот на Груби беше одобрен во Собранието со само еден глас против – на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

– Јас гласав така затоа што сум против Мислими да биде член на Советот. Мислам дека има многу други новинари што би требало да бидат во тој Совет – истакна Зекири.

Подолу можат да се видат и предложените имиња од Министерството за култура.
Kom-1

kom-2

Од Министерството за култура објаснија дека тие не можат да се мешаат во изборот на членовите на Советот.

-Ние ги предлагаме имињата во Комисијата за избори и именувања каде тие треба да се гласат. Изборот на Мислини не е наш предлог и не можеме да се мешаме во личните избори на никого – велат Министерството за култура.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …