Ескобар: Северна Македонија e пример во регионот, таа стори сѐ за пристапни преговори со ЕУ

Ескобар: Северна Македонија e пример во регионот, таа стори сѐ за пристапни преговори со ЕУ

Северна Македонија стори сѐ за да се отвори првата врата од пристапните преговори со Европската Унија, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан во интервју за Атлантскиот совет дадено на почетокот од месецот. Тој кажа дека верува оти оваа Влада има волја и дека луѓето во Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ.

Тој порача дека би сакал да види „повеќе Европа кон Западен Балкан, сеедно дали ќе им дозволат место на масата додека ги затвораат поглавјата“. Воедно побара и поголемо учество на земјите од Западен Балкан во европските структури.

„Многу сум оптимистичен за пристапните преговори на Северна Македонија, ако погледнете како земјата се справи со кандидатурата. Таа е пример во регионот. Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мултиетнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања“, изјавил Ескобар.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …