ЕСМ: Вишоците електрична енергија може да се понудат на стопанството

ЕСМ: Вишоците електрична енергија може да се понудат на стопанството

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека секоја количина на електрична енергија над таа што е потребна за граѓаните, ќе може „преку одреден модел да се понуди на домашното стопанство“, соопшти ЕСМ.

Како што се вели во соопштението, Ковачевски на состанокот во Стопанската комора рекол дека АД ЕСМ веќе ги набавува потребните енергенси и го зголемува сопствениот ископ на јаглен, со цел да го максимизира производството.

Според директорот на ЕСМ, приоритет е да се обезбеди електрична енергија за граѓаните, но и за преземените обврски за покривање на загубите во мрежа на МЕПСО и ЕВН Електродстрибуција, за која цел ЕСМ го зголемила производниот план за 2022 година за 20 отсто.

„На состанокот во Стопанската комора (СКСМ) во врска со снабдувањето со електрична енергија на големите производни капацитети во држават, од страна на Комората беа предложени мерки до Владата со кои би им се олеснила состојбата на фирмите во однос на снабдувањето со електрична енергија. Меѓу другото, до АД ЕСМ беше испратен апел доколку во текот на зимскиот период компанијата произведе вишок на електрична енергија, истата да се понуди во повластен пакет за домашните фирми кои трошат големи количини струја, а кои се во тешка состојба со оглед на тоа што се очекува електричната енергија да достигне уште повисоки цени од моменталните“, соопшти ЕСМ.

АД ЕСМ обезбедува 100% од енергијата која ЕВН Хоум ја испорачува до домаќинствата и малите потрошувачи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …