Мицкоски

СДСМ: Ги знаеме црвените линии на Мицкоски, прифати НМК и скандалозни Резолуции

Соопштение за јавност на СДСМ

Таканаречените црвени линии на Христијан Мицкоски познати му се секому.

Истиот тој Мицкоски прифати на Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) немаше ништо против наместо да биде претставен со името на државата, да биде претставен со кратенката НМК која важи само за регистарските таблички.

Мицкоски не се побуни ниту кога ЕПП усвои Резолуција која е целосно спротивна на државните позиции која ги промовираше во целост бугарските позиции и е далеку полош предлог од предлогот против кој Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се спротивставуваа.

Ете тоа се „црвените линии“ на Мицкоски, линии дијаметрално спротивни од црвените линии дефинирани со Резолуцијата усвоена со консензус во македонското Собрание.

Мицкоски е очаен, осамен и изгубен во сопствената деструкција, затоа мораше да оди по нови насоки во Будимпешта, затоа ги условува своите пратеници со ништовни нотарски изјави без никакво правно дејство.

Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …