Фотографија на денот: Кога конечно ќе полета авионот?

Фотографија на денот: Кога конечно ќе полета авионот?

Штрајкот во Луфтханза речиси ги парализираше германските аеродроми. За овие патници во Франкфурт, тој предизвика часови чекање и неизвесност.

Луѓето кои летово патуваат на одмор со авион од Германија мора да се вооружаат со трпение. Аеродромите и без тоа страдаат од недостиг на персонал, а ситуацијата оваа среда ја влоши и еднодневниот штрајк на аеродромскиот персонал во Луфтханза, кој траеше до денеска утрото. За патниците како овие на аеродромот во Франкфурт, тоа значи чекање со часови и неизвесност. А сега околу штрајк размислуваат и пилотите во Луфтханза…

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Запалени два танкери со нафта на Блискиот Исток, Иран се закани дека цената ќе оди до 200 долари за барел

Запалени два танкери со нафта на Блискиот Исток, Иран се закани дека цената ќе оди до 200 долари за барел

Два танкера беа запалени во ирачките води утрово во најновиот бран напади врз нафтени и …