Еспресниот пат Штип-Радовиш завршен пред рокот, втората фаза од Три чешми до Штип пуштена за сообраќај под времен режим

Еспресниот пат Штип-Радовиш завршен пред рокот, втората фаза од Три чешми до Штип пуштена за сообраќај под времен режим

Градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени, со што се комплетира изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш. Од денеска делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.

Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во две фази и тоа првата фаза од Штип до Бучим која е во должина од 23,5 километри и вредност од 48 милиони евра, додека втората фаза, делницата Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш е со должина од 17 километри и инвестиција од 14,9 милион евра.

Прочитајте повеќе

Кошта

Кошта: Клучно е да продолжите со реформите и да инвестирате во владеење на правото

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, потенцира дека проширувањето на ЕУ е најдобра стратешка инвестиција …