Студено време

Променливо облачно време со локален снег, за викендот температури до 8 степени под нулата

Во нашата земја времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови ќе има повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Температурата ќе се движи во интервалот од 2 до 12 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови минималната температура ќе се спушти до -8, а дневната температура ќе се искачи до 7 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …