Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи. Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Северна Македонија.

„Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата.

Со цел успешно справување со економската и енергетска криза, Северна Македонија веќе доби помош од 80 милиони евра, кои се наменети за директна буџетска поддршка за оваа година.

Прочитајте повеќе

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

Прес-конференција na Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, Нашето општество се соочува со исклучително …