Европските образовни искуства мотив за нивна примена во делчевската гимназија

Европските образовни искуства мотив за нивна примена во делчевската гимназија

Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и хигиената во училиштето, се дел од искуствата добиени при посетата на делчевски средношколци на љубљанската гимназија „Полјане“ кои се применливи во делчевската гимназија „Методи Митевски-Брицо“. Овие искуствата беа денеска презнтирани на средбата со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

Изразувајќи благодарност за поддршката на градоначалникот Трајковски, професорот Слободан Илиоски истакна дека овие искуства се добредојдени за учениците кои во еднонеделната посета имаа можност и да бидат вклучени во дел од наставата во љубљанската гимназија која важи за една од најквалитетните средни училишта во Словенија.

-Тргнувајќи од овие искуства и од одличната соработка со наставниот кадар во училиштето „Полјане“, ние ќе преземеме соодветни мерки за примена на овие искуства и кај нас. Посебно би го потенцирал подигањето на свеста кај учениците за нивниот однос кон наставата и дисциплината, односот кон инвентарот и нагледните свеста, со посебен акцент на хигиената на училиштето. Во таа смисла веќе сме во план за набавка на повеќе корпи за отпадоци за селектирање на отпадот, истакна Илиоски.

На средбата, градоначалникот Трајковски ги потенцираше заложбите на Општина Делчево за подобрување на квалитетот на образовниот процес во средношколскиот училишен центар и во таа смисла истакна дека училиштето треба и понатаму да развива проекти со кои ќе се зацврстува соработката со училишта од европски држави.

-Како градоначалник давам несебична поддршка на овие проекти, бидејќи со тоа се стекнуваат искуства, се отвораат нови видици и се придонесува за подобрување на квалитетот на образовниот процес, но и на односот на учениците и на наставници во тој процес. Во таа насока се и сите мерки кои ги преземаме како Општина во областа на образованието, како што беше Семинарот за роботика одржан во Делчево, но и вклучување на наши ученици на вакви и слични семинари во соседна Бугарија, во Струмица. Исто така, Делчево на 27 март ќе биде домаќин на државниот иновативен камп за претпримеништво од организацијата „Џуниор Ачивмент“ од Македонија, со единствена цел да се подготват младите луѓе за успех во глобалната економија, а неодамна во посета на европската претстолнина Брисел беа и 15 ученици од делчевската гимназија. Финансиската поддршката за ова патување беше од Фондацијата „Бугарско сеќавање“, истакна Трајковски.

Возвратната посета на гостите од гимназијата „Полјане“-Словенија е најавна од 6 до 13 април.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …