Европско првенство во снукер, Македонија со петмина натпреварувачи

Европско првенство во снукер, Македонија со петмина натпреварувачи

Во Малта започна Европското првенство во снукер, на кое што македонската федерација испрати петмина натпреварувачи.

Двократниот првак Берат Јашари е предводник на новата генерација играчи, четири години откако во 2019 година Павле Данилов ја постигна првата победа за Македонија на ЕП во Португалија. Заедно со Јашари, во Малта се натпреваруваат и Петар Панов, Владо Матоски, Петар Колоски и Влатко Јанев.

  • Сите играат на добро ниво. Во овој момент Берат Јашари се издвојува и мислам дека тој може да изненади во Малта, има капацитет за тоа. Блиску со квалитетот е и Петар Панов, а другите се веднаш зад нив. Генерално, нема потреба да учат за техниката, туку повеќе за меч тактиката. Би прогнозирал дека Берат ќе добие шанса да влезе во елиминациските дуели, изјави Најџел Бонд, прославениот снукер играч, кој минатата година се повлече од професионалните настапи и ги предводеше подготовките на играчите од Македонија.
  • Нашите натпреварувачи имаа напорна недела со подготовките, а потоа и со патувањето до Малта. Им посакувам да останат фокусирани и сконцентрирани, бидејќи во снукерот шансата доаѓа кога некој најмалку се надева. Ова е силен турнир, но цврсто верувам дека како федерација направивме сѐ што можевме за одлично да се презентираме. Минатата година на ЕП во Албанија ниту еден играч не успеа да ја мине групната фаза, оваа година очекувам дека ќе имаме претставник и во елиминацискуте дуели, рече Лазар Лазаревски, претседател на снукер асоцијацијата.

Натпреварите во Малта се играат во хотелот „Долмен“, а првенството е во комплетна организација на Европската федерација ЕБСА.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …