Талевски: Околу 650 милиони евра од автопатите ќе завршат кај македонски компании, ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на Коридорите 8 и 10Д

Талевски: Околу 650 милиони евра од автопатите ќе завршат кај македонски компании, ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на Коридорите 8 и 10Д

„Со Договорот со ‘Бехтел и Енка’ започнавме најголема градежна офанзива во државата, при што ќе се изградат 110 километри автопати“, рече пратеникот на СДСМ Миле Талевски во синоќешното гостување на Телевизија 24.

„Се’ започна со одлука од Собранието поддржана од пратеници од власта и опозицијата за стратешко партнерство со конзорциумот. Станува збор за четири делници: Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Будојчани и Требениште-Струга-Ќафасан. Тоа се големи делници што значат поддршка на граѓаните, стопанството и економијата. Станува збор за инвестиција од 1,3 милијарди евра, а над 50 отсто, односно околу 650 милиони евра од овој капитален проект ќе завршат кај македонските градежни компании“, нагласи Талевски.

Талевски оцени дека само ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на коридорите кои се важни за подобро поврзување на државата со соседите и со клучни пристаништа од регионот.

„Да не се фрла сенка на вакви крупни проекти кога со пари од граѓаните се инвестира во автопатишта. Тие не се трошат на врби и стиропор. ЕУ го прогласи Коридорот 8 како главен проект и ние имаме обврска да го изградиме“ порача Талевски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата нема да дозволат блокади на овој капитален проект.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …