доналд трамп

ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп во Флорида

ФБИ изврши претрес во понеделникот во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за постапување со претседателските документи, вклучително и доверливи документи, кои можеби биле донесени таму, пренесе Си-Ен-Ен.

Поранешниот претседател потврди дека агенти на ФБИ биле во Мар-а-Лаго и рече дека тие дури и упаднале и во неговиот сеф.

Според извори на Си-Ен-Ен, додека се одвивал претресот во Флорида, тој бил во кулата Трамп во Њујорк.

„Мојот прекрасен дом, Мар-А-Лаго во Палм Бич, Флорида, моментално е под опсада, рација и окупиран од голема група агенти на ФБИ“, рече Трамп во изјавата во понеделникот вечерта.

Неочекуваниот потег за претрес на домот на поранешен претседател го зголемува влогот за Министерството за правда и како што пренесе Си-Ен-Ен се открива дек правните проблеми на Трамп продолжуваат на повеќе фронтови.

ФБИ првично не даде информации за причините за претресот. „Њујорк тајмс“ информира за можна поврзаност на акцијата со документи кои Трамп ги однел од Белата куќа во Мар-а-Лаго по завршувањето на неговиот претседателски мандат. Во САД, целата кореспонденција од претседателот мора да биде архивирана и чувана.

Одделот за правда има две познати активни истраги поврзани со поранешниот претседател, едната за напорите за поништување на претседателските избори во 2020 година и 6 јануари 2021 година, а другата која вклучува ракување со доверливи документи.

Претресот започна рано наутро во понеделникот, а според лице запознаено со ова прашање, персоналот за спроведување на законот е фокусиран на областа на клубот каде што се канцелариите и личните простории на Трамп.

Според извор од истрагата, претресот на ФБИ вклучуваше испитување каде се чуваат документите, и биле земени кутии со предмети.

Во февруари, Националниот архив на САД побара од Министерството за правда да го истражи Трамп за неговото ракување со службени документи, при што официјални лица кажаа дека тој незаконски искинал некои документи.

Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, кој го истражува ракувањето со документите од страна на Трамп, го повика Министерството за правда „целосно да го истражи“ начинот на кој поранешниот претседател постапувал со информациите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …