Фејсбук избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран

Фејсбук избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран

Фејсбук денеска објави дека избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран, кои покажувале „неавтентично координирано однесување“. Од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се избришани 2.632 профили, страници и групи, поради различни причини.

Од вкупната бројка, 1.907 профили или страници биле од Русија, а 513 со Иран. Кога станува збор за Русија, главниот проблем бил спамот што се ширел од избришаните профили и страници, а помал дел демонстрирале „координирано однесување“.

Фејсбук појасни дека бришењето не е поради присутните содржини, туку поради однесувањето на профилите, страниците и групите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ со болни сведоштва и пораки за правда …