Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

После вчерашната закана со кривична пријава заради реобјавен текст, толку многу сум преплашен и престрашен, што решив денес да реобјавам уште еден тонски запис.
Најавата за тонскиот запис кој трае 28 секунди, ќе ја направам по полициски терк. Не за друго, туку нели молк е…?
Значи вака…
Од записот кој трае 28 С, ќе чуете како лицето ПР, поранешен ВД на Општа Б во ПП, ги викнал вработените Л и по некоја С, за да им каже дека тие не се тука оти се С, туку оти се Ч на партијата на која тој е К. Настанот се случил пред ланските ППИ во месец Д 2016 Г.
И сега кој ви К шо сте вие Г како К, па ве С кој како ќе стигне?
Обраќањето на ПР пред Л и по некоја С од Општа Б во ПП, ви го П во интегрална Ф.
„Излегла партијата во пресрет на сите, ни дала парче леб. Ако сме биле способни, можеме да бараме во приватно здравство, не знам други работи да си работиме, не требало од партијата да бараме вработување ако не ни е битно или ако сме биле способни. Никој овде не е вработен од шо е многу способен, туку од шо е партиски член. Да не си дозволиме да имаме проблеми…“

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот